Св. Георгиј Победоносец

На 06.05.2015 година, кога го празнуваме споменот на св. Георгиј Победоносец и преполовувањето на Празникот на Воскресението Христово и Педесетница, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на „Св. Георгиј“ во Ресен.
На Литургијата празничната радост ја зголемија со своето присуство и архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, и протоереј Стеван Здравевски, поранешен парохиски свештеник во Ресен.
Ден претходно, вечерна богослужба владиката отслужи во манастирот посветен на „Св. Георгиј“ во селото Селце, Прилепско.
Тропар, глас 4.
*Како ослободувач на пленетите,
и на сиромасите заштитник,
на немоќните лекар,
соборнику на царевите,
Победоносче, Великомачениче Георгије,
моли го Христа Бога, да ги спаси душите наши.*
Тропар на Преполовението, глас 8.
*На преполовението на Празникот,
жедната моја душа, напој ја
со водите на благочестието.
Зашто сите си ги повикал, Спасителе,
кој е жеден, нека дојде при Мене и нека пие.
Извору на нашиот живот, Христе Боже, слава Ти!*