Прескокни до содржината

Бадник со дечињата од Преспанско-пелагониската епархија

·Igor Rizanovski
Бадник со дечињата од Преспанско-пелагониската епархија

На 06.01.2019 г., кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа; Преподобен Никола војвода и Претпразненството на Рождеството Христово – Бадник, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во Соборниот храм Сввети Великомаленик Димитриј во Битола, ја благослови Божикната поворка, на децата кои зедоа учество им подари Божикни пакетчиња.

Бадник со дечињата од Преспанско-пелагониската епархија

Вечниот Бог слезе!

Вечниот Бог слезе и во Дева се всели

Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи; (рефрен)

Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;

Луѓе радувајте се, играјте, ангели веселете се;

Прими Го Витлееме Господ твој, Царот на сите и Владика;

Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;

Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;

Кога слушна Ирод за настанот, целиот се потресе злобниот;

Вака вели на свештениците, кои Му служат на Господа;

Кажете ми мудри учители, каде треба Он да се роди;

Обземен од бура на помисли, Јосиф намисли да Ја отпушти;

Ноќта, пак, во сонот слушна глас, ангел Господов му проговори;

Денес сета твар да се радува, нек҆ торжествува и се весели;

Светлина на светот му засветли и тие во мракот ги осветли;

Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните.