Прескокни до содржината

Ако љубов немам... - Расказ

·Zlatko Divjakovski
Ако љубов немам... - Расказ

Се среќаваат двајца познаници. Едниот образован христијанин, другиот не. Учениот почнува да проповеда:

  • „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа при Отецот освен преку Мене...“(Јн. 14)

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно. Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат“... (Мт. 5)

„Барајте и ќе ви се даде. Чукајте и ќе ви се отвори“...

Другото момче размислува:

  • Не ја разбирам оваа суета...

Одејќи понатаму, сретнуваат парталав питач крај патот.

Момчето го прегрнало и рекло:

  • Не знам многу, но едно знам сигурно... Бог те љуби. Ајде, најпрвин, да одиме и да каснеме нешто.

Учениот: - Не е малку премногу валкан за да го гушнам?

Подготви: Д. Б.