Архиерејска Вечерна Богослужба во месноста Чалма, во Прилеп
·Igor Rizanovski

На 10.12.2018 г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски, споменот на Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи и споменот на Свети Михаил, прв митрополит Киевски; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба во новоизградениот манастирски храм, посветена на Покровот на Мајката Божја, Пресвета Богородица, чие осветување ќе биде утре.