Прескокни до содржината

Божествена Литургија во манастирот посветен на св. Јован Крстител во Слепче

·Zlatko Divjakovski
Божествена Литургија во манастирот посветен на св. Јован Крстител во Слепче

На 11.09.2014 г, на денот на отсекувањето на главата на св. Јован Крстител, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на св. Јован Крстител во Слепче.

„Вие, пак, пристапивте кон планината Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон десетина илјади ангели, кон соборот и Црквата на првородените, кои се напишани на небесата, и кон Бог, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство, и кон Исус, Посредникот на Новиот Завет.“ (Евреите 12, 22-24)

Гледате ли какво е тоа друштво? А душата тагува и плаче: „Јас сум сирота“. Затоа, би требало да ја прекориме... Не заборавај, не заборавај... Тагата и потекнува токму од таму што душата заборавила и затоа што од срцето отстапило чувството на заедница. Во сличните моменти треба да го оживуваме сеќавањето на духовниот свет и да го поттикнуваме срцето на тоа чувство. Не ни успева? Тогаш појдете во црквата Божја... А ни тоа не успева? Тогаш, трпете, повикувајќи кон Бог да му помогне на срцето и притоа не се препуштајте на разонода. Имено, се случува некој кога тагува да си рече: „Ќе појдам малку да се разонодам...“ Но, ако го направиш тоа само еднаш, тогаш секој ден ќе ти биде тажен и секој ден ќе наоѓаш повод за разонода. Така доаѓа и до непрестајна разонода. Каква разулавеност! Ќе остане само сеќавање - овој пат е досаден, тежок и осаменички.

Еве, во следното писмо веќе сте подобро и се вративте во својот ред и поредок, и го пронајдовте Божјото друштво... И топло е и пријатно... Така е тоа. Само не размислувајте за себе, туку предадете се на Господ. Тој нека ги процени нашите степени и нека ја одреди вредноста на нашите чувства. А еве каква е нашата мерка: кога ќе осетиме дека сме сосема нечисти и дека спасението ни доаѓа само од милоста Божја, тогаш тоа е добро. Штом ќе почнеме да присвојуваме за себе макар и најмалечок дел на праведноста, тогаш тоа е лошо. И што поскоро треба да влеземе во непомирлива војна со самиот себе.

Свети Теофан Затворник

[/audio]