Четврта недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Собор на сите Македонски Светители“, во Битола
·Igor Rizanovski

На 06.07.2025 год. во Четвртата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Агрипина, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Димитар Михајловски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Собор на сите Македонски Светители“, во Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.