Дали молитвата навистина делува? - Сестра Васа Ларин

Еден млад човек од Америка ми постави прашање:
„Навистина ли Бог се вмешува во нашиот живот, кога Му се молиме за да ни дарува сила и мир, на пример? Некогаш мислам дека, иако се молам за тоа, никогаш не го добивам посакуваното, и за жал, веќе сум ја изгубил надежта, се плашам дека престанувам да верувам во силата на молитвата“.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=7 не се уподобувајте на нив, зашто Отецот ваш знае, во што имате потреба, уште пред да побарате од Него“.
Постојат два одговори на прашањето како да се молиме:
Почни да се молиш;
Продолжи да се молиш.
Така, ние почнуваме да се откриваме за Божјиот мир и Божјата сила, и за сите други дарови на Светиот Дух, кои Он сака да ни ги подари. Сите бариери во нашите односи со Бога – се од наша страна, не од Негова.
Затоа, не треба да губиме надеж, паѓајќи во самонадежност или егоизам во односите со Бога. Ние секогаш можеме да се вратиме кон вистинската молитва, да се молиме онака, како што Он нè научи, и да бидеме отворени за Него. Дејството на молитвата не зависи од нашата претстава за тоа, како таа дејствува. Таа секогаш дејствува, треба само да се молиме.
Сестра Васа (Ларин)