Дарувајте љубов. За бракот и семејството

Смислата на бракот е во тоа, да принесува радост. Се подразбира, дека сопружничкиот живот – е живот најсреќен, најполн, најчист, најбогат. Тоа е востановување од Господ за совршенство.
Божја замисла за тоа, е бракот да принесува среќа, да го прави животот и на мажот, и на жената пополн, за ни еден од нив да не изгуби, а двајцата да би победиле. Ако сепак бракот не станува среќа, и не го прави животот побогат и пополн, вината не е во брачните узди; вината е во луѓето, со нив соединети.
Бракот – е Божествен обред. Тој бил дел од замислата Божја, кога Бог го создавал човекот. Тоа е најтесната и најсветата врска на земјата.
После склучувањето на бракот, првите и најглавни обврски на мажот се однесуваат кон неговата жена, а кај жената – во однос кон мажот. Тие двајцата се должни да живеат еден за друг, да го дадат животот еден за друг. Пред тоа секој бил несовршен. Бракот – тоа е соединување на две половини во едно цело. Два животи сврзани заедно во таков тесен сојуз, што веќе не се два живота, а еден. Секој до крајот на својот живот носи свештена одговорност за среќата и повисокото добро на другиот.
Денот на свадбата треба да се памети секогаш и да се одделува посебно меѓу другите важни датуми во животот. Тоа е ден, чија светлина до крајот на животот ќе ги осветлува сите други дни. Радоста од склучувањето на бракот не е бурна, а длабока и спокојна. Над брачниот олтар, кога се соединуваат рацете и се произнесуваат светите завети, се симнуваат ангели и тивко ги пеат своите песни, а потоа го осенуваат среќниот пар со своите крилја, кога започнува нивниот заеднички животен пат.
По вина на тие, кои се венчале, едниот или обајцата, животот во бракот може да стане несреќа. Можноста во бракот да се биде среќен е многу голема, но не смее да се заборава на можноста за неговото рушење. Само правилен и мудар живот во брак ќе помогне да се достигнат идеални сопружнички односи.
Прв час, кој треба да се научи и исполни, е трпението. Во почетокот на семејниот живот се пронаоѓаат како достоинствата на карактерот и однесувањето, така и недостатоците и особините на навиките, вкусот, темпераментот, за кои втората половина не се ни надевала. Понекогаш изгледа, дека е невозможно да се доближите еден до друг, дека ќе има вечни и безнадежни конфликти, но трпението и љубовта надминуваат сè, и двата животи се слеваат во еден, поблагороден, посилен, пополн, побогат, и тој живот ќе се продолжува во мир и спокој.
императорка Александра Феодоровна
Извадоци од дневникот