Девојчето и Атеистот - Приказна
·Zlatko Divjakovski

Едно малечко девојче, се враќало од веронаука дома. Го сретнал некој атеист, кој ја забележал радосната насмевка на лицето на девојчето, и му рекол:
Што толку се радуваш? – прашал атеистот.
Се враќам од веронаука.
И, што ви раскажуваа таму денеска? – решил да се потсмее на детето.
Ни го раскажуваа настанот од Библијата за тоа, како пророк Јона го проголтала голема риба.
Како може риба да проголта човек и тој, после сè да остане жив?
Девојчето се замислило за миг, но потоа одговорило:
Не знам како се случило тоа, но кога ќе одам во рајот, ќе го сретнам Јона и ќе го прашам.
А ако е Јона во пеколот? – прашал атеистот.
Тогаш, ти ќе го прашаш.
Одговорило девојчето.