Прескокни до содржината

Догмата на Православната црква

·Igor Rizanovski
Догмата на Православната црква

Догмата на Православната цркваВо просторот на Православната црква не може да говориме за развој на догмите, бидејќи за истата не постои еволуција на догмата, и со тоа не постојат догматски вистини на верата. Бог е Самовистина, откриена во конкретни настани во историјата и животот на Црквата, и не постои ниту едно искуство по Педесетница (со слегувањето на Духот се заокружува откровението на Троичниот Бог) што ќе го зголеми знаењето на Црквата за Бога.

Догмата на Црквата не е догматизам и идеологија, туку настан на откровението Божјо, и има непроменлив карактер поради нејзината спасоносна содржина, како откровение Божјо во светот заради нас луѓето и заради нашето спасение, согласно Символот на верата.

Важно е да знаеме дека догмите на Вселенските собори претставуваат формулација на животот и верата на Црквата, односно формулација на настаните на откровението Божјо, согласно нивното забележување од страна на Пророците и Апостолите во Светото Писмо.

Догматското учење на Црквата, коешто поседува отворен систем, може со текот на времето да се збогатува и обновува, само доколку тоа значи движење од еден во друг вид на појаснување на догмата, на секогаш истото и непроменливо откровение на Троичниот Бог, согласно потребите на епохата во којашто живее и делува Црквата.

Асс. мр. Докторанд Борче Грамбозов, Православен Богословски факултет, Скопје