Прескокни до содржината

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА МАНАСТИРОТ СВЕТИ НИКОЛАЈ ВО СОКО ГРАД

·Igor Rizanovski
ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА МАНАСТИРОТ СВЕТИ НИКОЛАЈ ВО СОКО ГРАД

На 15.09.2024 г., на празникот Собор на сите српски светители, во манастирот Свети Николај Жички во Соко Град, молитвено е прославен двaесет годишниот јубилеј од осветувањето на овој манастир, задужбина на блаженоупокоениот Епископ шабачки г. Лаврентиј.

Со Светата Архиерејска Литургија началствуваше Високопреосвештениот  Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор австралискo-новозеландски г. Петар, во сослужување со Високопреосвештениот Митрополит Зворничко-тузлански г. Фотија и преосвештените епископи Осијечко-пољски и барањски г. Херувима и Шабачки г. Јеротеја, домаќините на овој собир, како и свештеници од преспаснко-пелагониската, ваљевската и шабачката епархије. На Светата Литургија присуствуваше и мати Гликерија, игуманија на манастира Ќелије, со сестринството на оваа свештена обител, ктиторите и добротворите на манастирот Светог Николај, како и многуброен народ од Шабачката Епархија.