Прескокни до содржината

Дваесет и прва недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во Битола

·Igor Rizanovski
Дваесет и прва недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 10.11.2019 г., во Дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Параскева (Петка), Светиот маченик Теренциј, Свети Стефан Саваит, Свети Атанасиј, патријарх Цариградски, Свети Димитриј, епископ Ростовски, Преподобен Паисиј Светогорец и Преподобниот Арсениј Кападокиски, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофорот Никола Грамбозов, протоерејот Атанас Лажовски и протоѓаконот Драган  Ѓорѓиевски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Дваесет и прва недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во Битола

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Кој има уши да чуе, нека чуе!“ (Лука 8, 15).

Вака, Спасителот наш Господ Исус Христос се обраќа кон насобраниот народ, кој дошол да го слушне Неговото слово, а словото на Господа наш Исуса Христа, кое денеска беше прочитано во Светото Божествено Евангелие, е за сејачот и за семето. Ете, бидејќи Самиот Господ Исус Хрстос ги протолкувал зборовите од оваа парабола, ние не можеме да кажеме нешто посебно околу значењето и толкувањето на зборовите од оваа парабола...

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»