Двеветта недела по Педесетница -Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Света Великомаченик Димитриј“ во Битола
·Igor Rizanovski

На 10.08.2025 г., во Деветтата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, ѓаконите Крсте Атанасов и Михаил Атанасов, отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.