Прескокни до содржината

Голема Пасхална Вечерна во Битола

·Zlatko Divjakovski
Голема Пасхална Вечерна во Битола

На 01.05.2016 г, на првиот ден од Светлото Христово Воскресение, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Голема Пасхална Вечерна во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола. 

Воскресното Евангелие беше прочитано на 15 јазици.

  • Во почетокот беше Словото, и Словото беше +во Бога, и Бог беше Словото.

  • Тоа во почетокот беше во Бога.

  • Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.

  • Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.

  • И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.

  • Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;

  • тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.

  • Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.

  • Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов.

  • Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.

  • Дојде при Своите и Своите не Го примија.

  • А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји:

  • кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.

  • И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.

  • Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!”

  • И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;

  • зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.

(Јн. 1, 1-17)

Голема Пасхална Вечерна во Битола Голема Пасхална Вечерна во Битола Голема Пасхална Вечерна во БитолаГолема Пасхална Вечерна во БитолаГолема Пасхална Вечерна во Битола

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА