Прескокни до содржината

Големо осветување во црквата Св. Наум Охридски во Радишани, Скопје

·Zlatko Divjakovski
Големо осветување во црквата Св. Наум Охридски во Радишани, Скопје

Во неделата, на 22.10.2017 година, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со архиереите: г. Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Тимотеј, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, г. Агатангел, Митрополит Повардарски, г. Иларион, Митрополит Брегалнички и г. Климент, Епископ Хераклејски,  ја освети црквата, новите конаци и крстилната во манастирот посветен на Преподобниот Наум Охридски во Радишани.

Новоосветениот храм е изграден на местото на старата црква, во месноста наречена Жегровец, од левата страна на реката Серава. Камен темелникот  е положен на 30.08.1990 година, од неговото блаженство Архиепископот г.г. Гаврил кој, по свое завештание, заедно со неговиот наследник, Архиепископот г.г. Михаил, се погребани во припратата на црквата.

Камбанаријата е обновена во периодот 2016-2017, и осветена од Архиепископот Стефан на 8 април 2017 г. (Лазарева сабота). Во истиот период (2016-2017 г.) е ,  обновен стариот конак, изградени со нова крстилници а трпезарија, и во храмот е исликан прекрасниот фрескопис од зографската тајфа „Св. Наум Охридски“, тајфа која ја сочинуваат шестмината  млади македонски иконописци.

Сите зданија при манастирскиот комплекс се изградени и украсени со финансиски средства на Скопската православна епархија, со усрдна помош на бројни жители на Радишани, но и со особен придонес од отец Методиј (Петров), игумен при Валаамскиот манастир, кој штедро помогна и при изградбата и при животописувањето и при украсувањето на манастирскиот храм и комплекс, за што од страна на Архиепископот г.г. Стефан е награден со одличијето „медал Архиепископ Доситеј“

Повеќе: [http://spe.org.mk](http://spe.org.mk/index.php?option=com_content view=article id=1289:osveteni-crkvata-novite-konaci-i-krstilnata-vo-manastirot-posveten-na-prepodobniot-naum-ohridski-vo-radishani catid=36:novosti Itemid=2)