Прескокни до содржината

Грчките камбани една недела ќе бијат во знак на протест против Законот за промена на полот

·Zlatko Divjakovski
Грчките камбани една недела ќе бијат во знак на протест против Законот за промена на полот

*По благослов на митрополитот Калавритски Амвросиј, свештениците од митрополијата, една недела ќе бијат во камбаните по три минути секој ден, протестирајќи против законот за легализација на промена на полот во Грција. *

Тие исто така повикаа да се отфрли „антихристијанскиот и антигрчкиот“ закон, соопштува AP.

Во соопштението, кое го осудува хомосексуализмот како „смртен грев“ и протестира против „секакви противприродни отклонувања“, исто се изразува загриженост за тоа, дека „следен ќе биде законот, кој ги легаризира истополовите бракови“.

„Го мразиме гревот, но не грешниците“ – се потенцира во соопштението од митрополијата.

Исто така, се планира да се постават протестни банери во Егион, административниот центар на митрополијата.

Неодамна изгласаниот закон им дозволува на грците на 15 години, доколку сакаат да го променат полот, по упростена процедура преку суд.

Грчките камбани една недела ќе бијат во знак на протест против Законот за промена на полот

Извор: http://www.pravmir.ru