„Или да бидеме луѓе, или нека не нè биде“ - Патријарх Павле (1914-2009)

На 15 ноември, на денот од неговото упокојување, си спомнуваме за некои поуки на упокоениот Патријарх Српски Павле. Бог да му подари Царство Небесно.
Кога човек се раѓа во светот, сите се радуваат, само тој плаче. Живеј така, после твојата смрт сите да плачат, а ти да се радуваш.
Не дозволувај му на злото да те победи, туку победувај го злото со добро.
Доброто е посилно од злото. Секоја победа на злото во историјата е само привремена и привидна.
Животот - е дар Божји. Ние сме го добиле од Светиот Дух, за да го искористиме на добро.
Често, тоа што ни изгледа невозможно, со Божја помош станува лесно и просто.
Никого нема да приведете до Бога, ако самите не сте со Него блиски. Никого нема да го поведете по Божјиот пат, ако самите не сте пошле по него во животот.
Колку сме подалеку од Бога, толку сме подалеку еден од друг.
Не можеме да бараме за себе мир, правда и слобода, кои не би им припаѓале и на другите.
Не може да има слобода без одговорност, како ни одговорност без слобода.
Треба да се плашиме само од гревот, само од она што нè одделува од Царството Небесно.
Извор: Предание.ру