Прескокни до содржината

Имињата на Логосот Божји

·Igor Rizanovski
Имињата на Логосот Божји

Имињата на Логосот БожјиГоспод на Славата на Стариот Завет, Логосот Божји, се воплоти во утробата на Дева Марија и стана Христос. Името "Христос" ја означува воплотената човечка состојба на Логосот. Се поврзува со името "Емануил". Овие две имиња имаат библиска основа во Стариот и Новиот Завет и се однесуваат на посебното дело на Логосот Божји во светот и историјата. Името "Емануил" (μεθ᾽ ἡμῶν ὁ Θεός) е име кое му е дадено на Логосот кога стана човек, и со него се изразува следното: а) човечката состојба на Логосот, и б) тоа дека Логосот е сега еден од нас.

За крај, имињата “Христос” и “Емануил” сведочат за снисходењето и понизноста на Логосот Божји, заради нас луѓето и заради нашето спасение, согласно Символот на верата.

Црквата Христова, полека, но сигурно, се движи кон духовно и литургиско празнување на Богојавувањето, кога Троичниот Бог им се откри на луѓето преку Христовото раѓање- Божиќ.

Асс. мр. Докторанд Борче Грамбозов, Православен Богословски факултет, Скопје