Прескокни до содржината

Избран новиот игумен на Рускиот манастир на Света Гора

·Zlatko Divjakovski
Избран новиот игумен на Рускиот манастир на Света Гора

Во Рускиот манастир „Свети Пантелејмон“ на Света Гора, на 2 октомври, 2016 г., беше избран новиот игумен на манастирот, јероѓаконот Евлогиј (Иванов), - соопштува порталот Русский Афон.

Процедурата на изборот била во соодветност со т.н. „Светогорска Конституција“, потврдена од владата и парламентот на Грција во 1926 г. Според неа, во гласањето може да учествуваат монаси, кои имаат монашки стаж не помалку од 6 години (или монаси од други манастири, кои живеат во манастирот, не помалку од горенаведениот рок). Согласно тоа, во гласањето учествувале 37 од 103 луѓе, кои живеат и се подвизуваат во манастирот.

Интронизацијата на новоизбраниот игумен ќе се одржи после потврдувањето од Свештениот Кинот и Цариградскиот патријарх.

Избран новиот игумен на Рускиот манастир на Света Гора

Јероѓаконот Евлогиј (во светот Иванов Михаил Николаевич) е роден во Челјабинска област, на 12 октомври, 1958 г. Пострижен е во мантија во Троицко-Сергиевата Лавра на 25 ноември, 1985 г. Ракоположен 2 на 23 декември, 1986 г., во истиот манастир. Жител на Пантелејмоновиот манастир станува на 15 мај, 1988 г. Носел свое послушание и во подворјето на манастирот во Константинопол (Инстамбул).