Прескокни до содржината

Како да се научиме да се радуваме?

·Igor Rizanovski
Како да се научиме да се радуваме?

Како да се научиме да се радуваме?

„Каде да ја најдеме вистинската радост?“ – сè почесто ова можеме да го слушнеме од современиот човек. Постојан извор на радост за верникот е верата. Тоа што ние не чувстуваме вистинска радост е сведоштво пред сè за тоа, дека нашата вера е многу слаба. Само преку живото општење со Бога, во срцето на човекот се вселува тивката радост, која со ништо не се споредува. Само искрената желба да го видиме Бога е почеток на патот кон Неговото познавање. Без овој внатрешен импулс, сите наши „духовни“ обиди и напори се бесмислени. Тие се насочени кон било што, но не и кон Бога.

Општењето со Творецот нам треба да ни стане таква потреба, каква што е потребата за воздухот, пиењето и храната. Ние треба постојано да сме духовно гладни и никогаш да не сме наситени, бидејќи без општење со Бога, ние не можеме да преживееме и сме осудени на пропаст.

Имено заради тоа општење Господ ја создал Црквата како место, каде човекот ќе може, да ги остави сите земни грижи и суети, и да поразговара со Бога. Ние дома неможеме секогаш тоа да си го дозволиме. Нашите домашни обврски и грижи, не ни дозволуваат да се сконцентрираме – и ние волно или неволно се враќаме со мислите кон тоа, што треба да направиме или какви прашања треба да разрешиме. И така место за Бога во нашиот живот никако не може да се најде. Ние сме напнати и без радост. Кому е потребен таков живот.

Целта на богослужението – е да го открие патот кон таа радост, без која животот ја губи својата смисла и избледуваат боите на секој ден, што Светата Црква го објавува повеќе од два милениуми. Радоста за тоа, дека секој од нас, ако сака, може да биде спасен од темнината и смрта, преку нашиот Спасител Господ Исус Христос.

Ви посакувам сите да ја достигнете таа неискажлива радост во својот живот, исполнувајќи ги срцата со љубов и благодарност кон Бога.

Митрополит Антониј (Паканич)

Извор: http://pravlife.org