Прескокни до содржината

КАНОНИЗАЦИЈА НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

·Zlatko Divjakovski
КАНОНИЗАЦИЈА НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

На 28. 05. 2017 година, Недела 7 на Воскресението на Светите Отци, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА и канонизација на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, на утрената богослужба, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од МПЦ – ОА, а во присуство на многуброен народ, ги дочека Светите моштии на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, кои достојно, по повод канонизацијата, беа донесени од Лесновкиот манастир и внесени во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Во 08:45 часот, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го дочека Поглаварот на МПЦ – ОА Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и членовите на САС на МПЦ, Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополиот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско - осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климен. Во 09:00 часот Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ – ОА и Архимандритите Нектариј, Партениј, Дамаскин и Григориј, Игумени од повеќе манастири и свештеноереи од МПЦ – ОА отслужи Света Архиерејска Литургија. На малиот вход Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан отслужи помен на Светиот Гаврил Епископ Велички Светогорец, Епископот г. Климен ја произнесе одлуката на САС на МПЦ – ОА за впишувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите, Надлежниот Митрополит г. Иларион го произнесе синаксарот – житието на Епископот Велички Гаврил Светогорец, по што Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан ја освети новонацртаната икона со ликот на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец и со истата го благослови православниот верен народ. По ова Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан, членовите на САС на МПЦ – ОА и свештенослужителите се поклонија на светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец. На крајот од Светата Архиерејска Литургија, Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан одража содражајна пригодна беседа за светиот живот и многубројните чуда на Епископот Велички Гаврил Светогорец. На каноназицајата, покрај многубројниот православен народ од сите краишта на Татковината Македонија како и од странство присуствуваше и Премиерот на РМ г. Емил Димитриев, Рускиот Амбасадор во РМ г. Олег Шчербак, Претседателката на Верската Комисија г – ѓа Валенитна Божиновска, Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р Илчо Захарив како и други Јавни личности.

Преку целиот ден верниот народ се поклонуваше на светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец. По неговите молитви, Бог и нас да не помилува и спаси, како благ и човекољубив.

КАНОНИЗАЦИЈА НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ КАНОНИЗАЦИЈА НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ КАНОНИЗАЦИЈА НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ КАНОНИЗАЦИЈА НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ КАНОНИЗАЦИЈА НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Преземено: http://www.bregalnickaeparhija.org.mk