Прескокни до содржината

КОНКУРС

·Zlatko Divjakovski
КОНКУРС

Епархискиот Архиереј и Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) распишува:

КОНКУРС

** **

За парохиски свештеници во МПЦЕАНЗ.

Од вкупно пријавените кандидати за парохиски свештеници, ќе бидат примени 3 (тројца).

Кандидатите треба да ги исполнуваат **следниве услови: **

  • да завршиле Средно Богословско училиште и Богословски факултет;

  • да не се помлади од 27 и постари од 40 години;

  • да го знаат или да имаат положен најмалку почетен курс на Англискиот јазик;

  • да имаат најмалку 3 години парохиска дејност;

  • да имаат одлично познавање на историјата на Македонскиот народ и на Македонската Православна Црква;

  • да имаат музички способности, односно одлично да го владеат црковното пеење и Типикот;

  • да се одлични проповедници (говорници) без напишани текстови;

  • да имаат добар углед, и да не се казнувани;

  • да се докажале во пастирската, мисионерската и проповедничката дејност;

  • да имаат градителски и организаторски способности.

Кандидатите ќе бидат подложени на проверка кај надлежниот Епархиски Архиереј, Митрополитот г. Петар, а богослужбените, пастирските, мисионерските и проповедничките способности на кандидатите ќе им бидат проверени во црквата „Пресвета Богородица“ во Битола.

Конкурсот ќе биде отворен, сè до изборот на тројцата кандидати.

контакт:

047/236-697  - Преспанско-Пелагониска Митрополија, Битола

протоереј-ставрофор Никола Грамбозов

Од канцеларијата на МПЦЕАНЗ