Концерт на Византиско Црковно Пеење во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола
·Igor Rizanovski

На 17.09.2022 год, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, во рамките на БитФест се одржа концерт на византиско црковно пеење.

На концертот настапуваа повеќе црковни хорови, меѓу кои: византискиот хор „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола, и женскиот црковен хор „Св. Макрина“ од Битола.