Крстопоклона Недела – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен
·Igor Rizanovski

На 23.03.2025 г., во Третата Недела од Великиот пост (Крстопоклона Недела), кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Сотир Гочевски, Михаил Матвеев и протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.