Прескокни до содржината

Молитвата ќе нè научи на сè

·Zlatko Divjakovski
Молитвата ќе нè научи на сè

Кога пребиваш во молитва, во земниот живот сè се случува така, како што треба, и ништо лошо нема да се случи. На пример, ако миеш чинии – нема да скршиш ниту една, нема да нанесеш штета... Тогаш престануваш да се плашиш. Во тебе влегува благодатта Божја. А кога ќе дојде благодатта, сè се прави со радост, без труд.

Кога ќе се молиме цело време, нема да има потреба да ги пресметуваме ситуациите и да градиме односи, Бог Сам ќе нè просвети што да правиме секогаш, дури и во најтешките ситуации. Преку вас ќе дејствува и ќе зборува Бог, Кој и ќе биде во вас. Бог ќе најде начин да ја промени ситуацијата...

Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Молитвата ќе нè научи на сè | Преспанско-Пелагониска Епархија