Прескокни до содржината

Најпрвин, ти посакувам да сакаш - Виктор Иго

·Zlatko Divjakovski
Најпрвин, ти посакувам да сакаш - Виктор Иго

Најпрвин ти посакувам да сакаш,

и сакајќи, исто да бидеш сакан.

И ако не е така – брзо да заборавиш

и откако ќе заборавиш – да не таиш омраза.

Ти посакуваш да имаш пријатели,

вклучувајќи и лоши и непоследователно,

но да има и еден, на кого ќе се довериш

без да се сомневаш.

И бидејќи животот е таков –

ти посакувам да имаш и непријатели –

ни многу – ни малку – токму на средина,

за да можеш понекогаш да ја ставиш под сомнеж

сопствената увереност.

И меѓу нив, нека има барем еден,

кој ќе е во право,

за да не се чувствуваш доволно сигурен.

Ти посакувам да си полезен, дури незаменлив.

и во лошите моменти, кога не останува ништо друго,

таа твоја полезност да е доволна,

за да се задржиш прав.   Ти посакувам исто да бидеш толерантен,

не со оние, кои ретко грешат – тоа е лесно,

но со оние, кои многу грешат,

и непоправливо,

и користејќи ја таа трпеливост,

да бидеш пример за другите.   Ти посакувам да не созреваш брзо,

и кога веќе си созреал,

да не бараш да се подмладуваш,

и бидејќи веќе стар

да не се посветуваш на безнадежноста.

Зашто секоја возраст има своја радост

и своја болка,

и треба да ги оставиме да струјат меѓу нас.   Ти посакувам, повремено да испитуваш и тага.

Не преку целата година, дури ни еден ден.

Тогаш ќе откриеш,

дека секојдневната насмевка е убава,

дека вообичаената намевка е блуткава,

а постојаната насмевка развратува.

Ти посакувам да откриеш максимално брзо,

наспроти и над сè,

дека те заобиколуваат блиските, понекогаш потиснати,

кои општат со несправедливоста

и со луѓето несреќни.

Ти посакувам да милуваш куче, да храниш птица,

и да ја слушаш песната на славејот,

да го извишуваш своето утринско пеење,

зашто така ќе ја почувстуваш среќата

повеќе од секого.

Ти посакувам да посееш семе –

можеби најмалечкото

и да му правиш друштво, додека расте,

за да откриеш колку животи се потребни,

за да се претвори во дрво.

Ти посакувам исто, да имаш пари,

зашто треба да си практичен,

и барем еднаш во годината

да ги наредиш парите пред себе и да кажеш:

„Ова е мое“,

за да стане јасно

кој на кого е господар.   Ти посакувам, никоја од твоите радости да не згаснува,

и ако со некоја се случи тоа,

да можеш да плачеш, без да жалиш,

и да страдаш, без да се чувствуваш виновен.

На крај, ако си маж – да имаш добра жена,

и ако си жена – да имаш добар маж -

за утре, и следниот ден,

и кога сте вљубени и насмеани,

одново и одново да зборувате за љубов.

Ако овие работи ти се случат –

немам што друго да ти посакам.