Прескокни до содржината

Недела на Самарјанката – Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите

·Igor Rizanovski
Недела на Самарјанката – Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите

На 22.05.2022 г., Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Кумановско-осоговски г. Григориј,  Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалничлки г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, епископот Хераклејски г. Климент и епископот Стобиски г. Јаков, отслужи Света Божествена Литургија во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Недела на Самарјанката – Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите

На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил.

На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.