Прескокни до содржината

Недела на Сите Светии

·Zlatko Divjakovski
Недела на Сите Светии

На 07.06.2015 г, во Неделата посветена на Сите Светии, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот „Св. Димитриј“, Буково.

„Пристрасноста кон предметите неминовно со себе повлекува ладење кон Бог и кон делата на своето спасение, ладење кон ближниот, или омраза и завист кон него, ако од него зависи дали некои работи ќе ни бидат дадени, а тој не ни ги дава, или доколку сме принудени ние да му дадеме нешто. Затоа, добро е да се биде потполно рамнодушен кон предметите за да нема ни најмал повод за непријателство кон ближниот што е голем грев. Биди над пристрасноста кон трулежниот, суетен и краткотраен свет; живеј со срцето на небесата и сакај ги тамошните непропадливи добра, подготвени за оние што Го љубат Бог и ближниот.

Свештеникот, како ангел Господов, треба да биде над сите страсти и вознемирувања на духот, сите световни пристрасности или неосновани стравови што доаѓаат од демонот; тој треба целиот да биде во Бог, само Него да Го љуби и само од Него да се плаши. Присуството на човечки страв подразбира дека тој сецело не се прилепил за Бог.

Не загледувај се в лице телесно, туку попрво со внатрешното око набљудувај го лицето на својата душа какво е: да не го изобличиле страстите; истерај ја таа грдотија со молитвата и солзно покајание. Не загледувај се во убавата облека, таа е пропадлива, туку во непропадливата облека на душата своја, каква е: дали е валкана или нечиста поради честите гревовни падови – тајни и јавни, и да се стекнеме со облека на душата од нетрулежна убавина на кротоста, смирението, целомудреноста и чистотата, милосрдието, правдата. “

Свети Јован Кронштадски

Сите Светии, молете Го Бога за нас!

Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии Недела на Сите Светии