Прескокни до содржината

Недела на Света Марија Египетска – Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола

·Igor Rizanovski
Недела на Света Марија Египетска – Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола

Во Петтата недела од Великиот пост, кога го празнуваме споменот на Света Марија Египетска, Преподобниот Марко Трачески и Светите маченици Агатопод и Теодул, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, зеде молитвено учество на Светата Божествена Литургија и се причести со Светите Христови Тајни, а на крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Петар, кон верниот народ се обрати со кратка беседа, во која меѓу другото рече:

Недела на Света Марија Египетска – Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола

„Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен

Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа

тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град,

нашата Татковина и сиот свет. Од с`е срце му благодарам на Бога, а и на вас, браќа и сестри, за

вашите Свети молитви за мене недостојниот“.

И ние, ја искажуваме благодарноста кон Бога, Пресветата наша Владичица

Богородица, и Сите Свети, за радоста, што нашиот Владика е со нас и предстои

пред Бога за нас!. На многаја лета Свет Владико!

Во ова тешко време, браќа и сестри, да ги зајакнеме нашите молитви, постот и подвизи, за

Милистовиот Бог, да го тргне од нас ова тешко искушение!

Спаси го Господи сиот свет, нашиот град и нашата Татковина Македонија, болните исцели ги и дај им сила на они што им служат и ги лекуват! Амин!