Недела на Свети Јован Лествичник – Света Архиерејска Литургија во Битола
·Igor Rizanovski

На 30.03.2025 г., во Четвртата Недела од Великиот Пост (Недела на Свети Јован Лествичник), кога го празнуваме споменот на Свети Алексиј човек Божји, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.