Обрезание Господово (Стара Нова Година)
·Zlatko Divjakovski

На 14.01.2018 г., празнувајќи го Обрезанието Господово и споменот на Светиот Василиј Велики, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, беше отслужен Молебен за благослов на Православната Нова Година.