Обрезание на Господ наш Исус Христос, Свети Василиј Велики во Битола
·Zlatko Divjakovski

На 14.01.2017 г., кога го празнувавме Обрезанието на нашиот Господ Исус Христос по тело и светиот Василиј Велики, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Василиева Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола.
После Литургијата, беше прочитана молитва за благослов на Новата Година што доаѓа, благодарејќи за сите Божји дарови, кои секојдневно ни ги дава.
