Прескокни до содржината

Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче

·Zlatko Divjakovski
Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче

На 07.07. (петок) се отслужи Божествена Литургија по повод раѓањето на Светиот Пророк Претеча и Крстител Господов Јован во Слепченскиот манастир на која чиноначалствуваше неговото Високо Преосвештенство митрополит преспанско - пелагониски и администратор австралиско новозеландски г. Петар.

На Литургијата, во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Јове Тренчевски, а во чин чтец беа ракопроизведени Ѓоко Смутковски и Благојче Трошевски.

По неколку годишните одржани научни симпозиуми, Слепченската света обител имаше посебна чест да го промовира првиот том од зборникот „Манастирот Свети Јован Крстител - книжевен, духовен и уметнички центар“, којшто беше плод на истражувањата на еминентни научници од МАНУ и од две соседни држави од областа на книжевноста, историја на уметноста, архитектурата и археологијата. На промоцијата на книгата одржа говор академикот Цветан Грозданов, деканот  на Богословскиот факултет и уредникот на книгата проф. д-р Сашо Цветковски. После тоа се одржа првата јавна проекција на документарниот филм „Духовни мироточенија“, во продукција на Македонската телевизија. Воедно, по четврти пат на Иванден се отвори и Демирхисарското културно лето 2017 година, на кое за прв пат започна Демирхисарската летна школа во која зедоа учество професори, истражувачи и студенти од повеќе области кои во наредните десет дена ќе работат во манастирската обител и околните локалитети.

Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА