Прескокни до содржината

Одбрана на магистерски труд на професор Борче Грамбозов

·Zlatko Divjakovski
Одбрана на магистерски труд на професор Борче Грамбозов

На 15.09.2016 г., на Аристотеловиот Универзитет во Солун, дипломантот на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, и професор во Македонската Православна Богословија,  Борче Грамбозов го одбрани неговиот магистерски труд на тема: „Догматските термини на Никејскиот символ и на Константинополскиот символ“.

Одбрана на магистерски труд на професор Борче Грамбозов

Под менторство на професорката д-р Деспо Љаљу, на катедрата по Догматска и Символичка Теологија, и во комисија на професорите д-р Василиос Цингос и д-р Василиос Георгопулос, проф. Борче Грамбозов успешно ја презентираше својата дисертација, за што доби позитивни коментари и највисока оценка 10, и се стекна со титулата магистер - догматолог.

Одбрана на магистерски труд на професор Борче Грамбозов Одбрана на магистерски труд на професор Борче Грамбозов

Во заклучокот на трудот, м-р Борче Грамбозов вели:

Теологијата ни покажува слика, во која харизматичната заедница се наоѓа во едно исто историско движење. Во ова историско движење биднува Божјата икономија: Старозаветната заедница (пророците, патријарсите, невоплотениот Син), Новозаветната заедница (воплотениот Син, апостолите, светите отци) и ние денес сме членови на таа Харизматична заедница! На оваа заедница Бог се открива и станува пристапен преку Богојавувањата, кои го поврзуваат Него со луѓето! Богојавувањата се откривањето на Троичниот Бог, преку Христос! Преку пристапот на формулациите на Никео-Цариградскиот Символ, откривањето на Троичниот Бог, објаснето од Христос, се чува од Светите Отци и Учители на Црквата!Одбрана на магистерски труд на професор Борче Грамбозов

Честитки за успешно завршениот труд, Бог да Ви подари уште многу успеси!