Прескокни до содржината

Осветена пештерната црква на Вознесението Господово во Евла

·Zlatko Divjakovski
Осветена пештерната црква на Вознесението Господово во Евла

На 13.05.2017 г., во Петринската планина, над селото Евла, се освети обновената пештерна црква на Вознесението Господово - Св. Спас, во Ресен.

Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на свештенослужителите: архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, архиерејскиот намесник на Ресен, протоереј Сотир Гочевски, протоереј Михаил Матвеев, протоѓакон Драган Ѓоргиевски.

Обновувањето и украсувањето на овој свет манастир беше овозможено од неуморниот труд и залагањето на благочестивите фамилии: Котларовски, Доновски, Бошњаковски, Ќулумовски, Марковски, Андреевски, Шундовски, Недановски и Лазе Дечков со фамилијата, и други православни христијани кои со материјална или молитвена помош учествуваат во грижата за ова место. Бог да им подари здравје и спасение!

  • „Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и се успокојам. Далеку би отишол и би се сместил во пустињата; се надевав на Оној Кој ме спасува од малодушноста и од бурата“ (Пс. 54, 6).*

Како срната што се стреми кон водни извори, така кон Тебе се стреми душата моја

Осветена пештерната црква на Вознесението Господово во Евла Осветена пештерната црква на Вознесението Господово во Евла Осветена пештерната црква на Вознесението Господово во Евла Осветена пештерната црква на Вознесението Господово во Евла

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА