Прескокни до содржината

Осветени темели на манастирски конак во Локвени

·Zlatko Divjakovski
Осветени темели на манастирски конак во Локвени

Во манастирот "Свети Атанасиј" во Локвени, во атарот на општина Кривогаштани, во саботата беше поставен камен темелник за изградба на нов конак, а со овој свечен чин чиноначалствуваше митрополитот на Преспанско–пелагониската епархија Господин Петар, а присуствуваа голем број верници, како и градоначалникот на општината, Тони Заткоски.

Моментално во тек е и доуредување на внатрешноста на црквата. Големиот број посетители кои во саботата присуствуваа во манастирот ја поздравија оваа иницијатива и како што кажаа со нетрпение го очекуваат свеченото пуштање во употреба на новите конаци.

„Манастирот има многу атрактивна локација со прекрасен поглед на безмалку на цела Пелагонија и со неговата изградба се очекува голем број верници својот духовен мир да го пронајдат токму на ова место. Црквата се градеше околу четири години, а според најавите се очекува конаците да бидат готови за околу две до три години, и да имаат капацитет да примат околу 30-ина посетители“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Осветени темели на манастирски конак во Локвени Осветени темели на манастирски конак во Локвени

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Извор: http://tocka.com.mk