Прескокни до содржината

Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен

·Zlatko Divjakovski
Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен

На 07.05.2017 г., во Четвртата Недела по Велигден, посветена на исцелувањето на Раслабениот, се освети храмот на Свети Игнатиј Богоносец, во манастирот Успение на Пресвета Богородица, с. Јанковец, Ресен.  Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен

Храмот на Свети Игнатиј Богоносец се изгради благодарение на усрдната помош и неуморното залагење на ктиторот Марјан Радевски, и други православни верници, кои иако расејани по светот, секогаш се дел од живата Црква Христова, и од Неговата заедница тука, во Ресен. Бог да им подари здравје, душевно и телесно, чувајќи ги под покровот на Својата благодат, и да им дарува спасение.

Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен

После осветувањето на храмот, на искушеникот Кристијан (Костовски), кој повеќе од една година е жител на овој манастир, му беше даден благослов за носење на скуфија (монашка капа).

Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен

За време на Литургијата, настојателот на овој манастир, јеромонахот Спиридон (Поповски) беше возведен во игуменски чин, со благослов за носење на игуменски крст.

Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Осветување на храм на Свети Игнатиј Богоносец во Јанковец, Ресен

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА