Осветување на Крст над с. Новоселани - Прилеп
·Zlatko Divjakovski

На 20.11.2016 г., после Божествената Литургија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го освети новопоставениот 10-метарски Крст во с. Новоселани, Прилепско.
Крстот се подигна, по залагање на благочестивото семејство Глигороски.
Кондак, глас 2
Крстот е чувар на целата Вселена,
Крстот - убавина на Црквата,
Крстот - сила на царевие,
Крстот - утврдување на верните,
Крстот - слава на ангелите и
пораз на демоните.

