Прескокни до содржината

По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе

·Zlatko Divjakovski
По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе

Вчера, во манастирот Самтавро, каде што се наоѓаат моштите на старецот Гавриил, неговиот образ се појавил на таванот. Неколку дена претходно – на подот.

„Не знаејќи ја духовната состојба на ближниот, не давај совети. Твојот совет може да го погуби“.

„Некои велат: „така било пишано“*. *Но, ако „така било пишано“, тогаш зошто ќе суди Бог? Својата „судбина“ ја создаваме сами. Ако човек, безумно го доведува својот живот во опасност, и загинува, тој прави грев, и судбината тука нема никаква врска“.

„Порано се прашував: „Зошто Господ испраќа маки на земјата?“ А сега сфатив: каменот го кршат со чекан... Многу луѓе само тага и маки можат да ги доведат кон Бога“.

„За Бога не е важно кој си: монах или мирјанин. Важен – е стремежот кон Бога. Со тој стремеж човекот и се спасува. Од монахот ќе се побара монашкото, а од мирјанинот мирското“.

„Ако мирјанинот заради Христос ги победи своите страсти, тој ќе биде изедначен со монасите“.

„Еден монах го прашал старецот, што е постот. „Сега ќе ти објаснам“, - одговорил тој и му ги раскажал на монахот сите гревови што тој ги направил. Од срам, монахот не знал што да прави. Паднал на колена и плачел. А старецот со насмевка му рекол: „А сега оди – и ручај“. – „Не, оче, благодарам, не сакам“. – одговорил монахот. – „Ете тоа е постот – кога се сеќаваш на своите гревови, се каеш и веќе не размислуваш на храната“.

(Во приложение, фотографии од домашната црква која ја изградил самиот старец Гавриил Ургебадзе)

По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе По вторпат се појавува образот на старец Гавриил Ургебадзе

Фото-материјали: Лариса Хрустаљева