Прескокни до содржината

Посета на училиштето „Коле Канински“

·Zlatko Divjakovski
Посета на училиштето „Коле Канински“

На 11.06.2017 г., на покана на директорката Лидија Павловска, поради претходна донација за обнова на школската дограма, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го посети подрачното училиште „Коле Канински“ во село Буково.

Посета на училиштето „Коле Канински“ Посета на училиштето „Коле Канински“

Тука, во една радосна атмосфера, Владиката се запозна со активностите на училиштето и радоста од новозапишаните 11 нови првачиња оваа година.

Посета на училиштето „Коле Канински“ Посета на училиштето „Коле Канински“

„Дете? Гледај, парче Небо на земјата“ - Ава Јустин Ќелиски

„Мораме да внимаваме на децата, зашто тие нè оправдуваат пред Бога. И како што цвеќето е радост за нашата човечка свест, така и децата се како цвеќе, остаток од изгубениот рај и навестување на идното Царство“.

Посета на училиштето „Коле Канински“ Посета на училиштето „Коле Канински“

Училиштето се наоѓа веднаш до црквата Св. Димитриј во село Буково.

Известува: Протоѓакон Драган Ѓоргиевски