Прескокни до содржината

Предвелигденски концерт на црковниот хор „Св. Петка“ - Прилеп

·Zlatko Divjakovski
Предвелигденски концерт на црковниот хор „Св. Петка“ - Прилеп

Во пресрет на најголемиот христијански празник, Празникот над празниците – Воскресението Христово, црковниот хор „Света Петка“ под раководство на м-р Гоце Секулоски, одржа целовечерен Предвелигденски концерт. Концертот се одржа на 26 април во салата на киното Мис Стон.

Предвелигденски концерт на црковниот хор „Св. Петка“ - Прилеп

Богатата програма содржеше дела од православни композитори од Македонија и ширум православниот свет, тематски поврзани со смислата на Воскресението. Се слушнаа композиции од Корсаков, Архангелски, Валјаев, Бадев, Кирил Македонски, Гоце Секулоски. Ова беше осми јавен настап на хорот од неговото формирање и делување при новоизградениот храм Света Петка во населбата Точила, а под раководството на м-р Гоце Секулоски.

Предвелигденски концерт на црковниот хор „Св. Петка“ - Прилеп

Како специјални гости на концертот беа присутни и хористите од хорот „Свето Благовештение“, кои ја изведоа композицијата „Плачот Адамов“, исто така под раководство на м-р Гоце Секулоски.

Предвелигденски концерт на црковниот хор „Св. Петка“ - Прилеп

Салата беше премала за да ги собере посетителите, кои беа дојдени да ги слушнат прекрасните композиции исполнети од хорот Света Петка. На крајот двата хора заедно изведоа едно „Многаја Лета“, при што посакаа што подостојни и порадосни да го дочекаме Празникот на Воскресението на нашиот Спасител и Господ Иисус Христос.

Предвелигденски концерт на црковниот хор „Св. Петка“ - Прилеп Предвелигденски концерт на црковниот хор „Св. Петка“ - Прилеп

Известува: Д. Т.