Прескокни до содржината

Преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино

·Zlatko Divjakovski
Преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино

На 05. 11. 2017 година, се изврши преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино. Чинот на преосветување на храмот го извршија Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе клирици на Македонската православна црква.

По чинот на осветувањето се отслужи и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар. Чинот на преосветување на храмот, како и Божествената Литургија молитвено ги проследија голем број жители на градот Неготино, чиј патрон е Свети Атанасиј Велики.

Црквата „Св. Атанасиј“ се преосвети по завршувањето на целосното надворешно и внатрешно реновирање, при што беше поставен нов инокостас, како и нов фрескоживопис. Митрополитот Агатангел во оваа прилика им подели благодарници на сите оние кои ја помогнаа целосната реставрација на овој храм.

Преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино Преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино Преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино Преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Извор: [http://www.povardarska-eparhija.org.mk](http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/index.php?option=com_content task=view id=2126 Itemid=32)