Прескокни до содржината

Преподобна Параскева - Архиерејска Божествена Литургија во Св. Петка, Прилеп

·Zlatko Divjakovski
Преподобна Параскева - Архиерејска Божествена Литургија во Св. Петка, Прилеп

На 27.10.2016 г., кога го празнувавме споменот на преподобната Параскева (Петка), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во црквата Света Петка, во Прилеп. 

На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на градот Прилеп, г-дин Марјан Ристески, а певницата ја возглавија хоровите од црквата Свето Благовештение и градскиот црковен хор „Св. Петка“, под дирегнтство на протопсалтот Георгиј Секулоски.

Тропар, глас 4

Го засака пустинскиот и тих живот и ревносно тргна по Христа, твојот Жених. Неговиот благ јарем во својата младост примајќи го, со крстниот знак храбро се вооружи против духовниот непријател. Со испоснички подвизи, пост и политва и солзните капки, си го изгаснала жарот на страстите, достојнославна Параскево. И сега во небесните дворови со мудрите девојки, стоејќи пред Христа, моли се за нас кои го почитуваме твојот вечен спомен.

Преподобна Параскева - Архиерејска Божествена Литургија во Св. Петка, Прилеп Преподобна Параскева - Архиерејска Божествена Литургија во Св. Петка, Прилеп Преподобна Параскева - Архиерејска Божествена Литургија во Св. Петка, Прилеп Преподобна Параскева - Архиерејска Божествена Литургија во Св. Петка, Прилеп

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Известува: Дамјан Трпкоски