Прескокни до содржината

РАЃАЊЕ

·Zlatko Divjakovski
РАЃАЊЕ

Се создаваш божествено

со допир на девственост

во утроба топла, мајчина.

Се раѓаш на зима во светла ноќ

во пештера, на меки јасли како човек,

како бебенце, како машко чоеченце

иако Си Новородениот Цар и Господ

и Спасител на душите наши.

Не можам да си ја замислам Твојата Големина:

Твоето Човекољубие, Милосрдие, Смиреномудрие...

а често си посакувам да се роди во моето срце,

во мојата маленкост, во мојата недостојност.

РАЃАЊЕ