Прескокни до содржината

Раѓање на Свети Јован Крстител - Слепче

·Zlatko Divjakovski
Раѓање на Свети Јован Крстител - Слепче

На 07.07.2016 г., на празникот на Раѓањето на Светиот Јован, Претеча и Крстител Господов, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот Свети Јован Крстител, Слепче.

На Литургијата и на свеченостите кои следуваа потоа, по повод 1100 годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски, во рамките на „Демирхисарско културно лето 2016“ присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и градоначалникот на општината Демир Хисар, Љупчо Блажевски.

„Во рамки на денешната манифестација беше претставена богата културно – уметничка програма, сценско – драмски адаптации, поетски читања, фолклорни настапи, актерски претставувања, хорско пеење, како и беседа по повод 1100 годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски“ - известува порталот Курир.

Свети Јован Крстител, моли Го Бога за нас +

Раѓање на Свети Јован Крстител - Слепче Раѓање на Свети Јован Крстител - Слепче Раѓање на Свети Јован Крстител - Слепче

Раѓање на Свети Јован Крстител - Слепче

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА