Прескокни до содржината

Рецитал по повод канонизацијата на Свети Кипријан Слепченски

·Zlatko Divjakovski
Рецитал по повод канонизацијата на Свети Кипријан Слепченски

На 30.04.2017 г., на денот на канонизацијата на Светиот свештеномаченик Кипријан Слепченски , во манастирот Свети Јован Крстител, Слепче, се одржа културно-уметничка програма посветена на Светиот Кипријан Слепченски, и  краток рецитал од заслужниот уметник, актер, Владо Јовановски во музичка придружба на групата Синтезис.

Рецитал по повод канонизацијата на Свети Кипријан Слепченски

Во прилог, споделуваме краток извадок, и видео-запис од истиот.

... „Само уста негова се придвижи, ум срце му отвори. Не се пожали на човечки неправди, не се пожали на демонски сопки: Еј, Господе, сило незнаена! Еј, Седржителе, Кој си насекаде! Еј, Сину, жртво спасителна! Еј, Духу Свет, мој патеводителе! Ја испрати ми ја Твојата благодат, само за тоа едно јас Те молам. Ја одземи мисли неброени, за да со нив јас не се борам. Запри ветрови, виулици, умот да се разбистри!“...