Прескокни до содржината

Рождество Христово во Битола

·Zlatko Divjakovski
Рождество Христово во Битола

На 07.01.2017 г., празнувајќи го Раѓањето на нашиот Господ Исус Христос, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј Битола.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 

Тропар, глас 4

Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот

со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа

на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат,

Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,

Господи, слава Ти.

Кондак, глас 3

Дева денес Надсуштествениот Го раѓа и земјата

Му принесува пештера на Непристапниот,

ангелите со пастирите славословуваат,

а мудреците со ѕвездата патуваат,

зашто, заради нас се роди Младенец,

Предвечниот Бог.

Рождество Христово во Битола Рождество Христово во Битола Рождество Христово во Битола Рождество Христово во Битола

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА