Прескокни до содржината

Се упокои во Господа протоѓаконот Славе Пројковски

·Zlatko Divjakovski
Се упокои во Господа протоѓаконот Славе Пројковски

Утрово, на 23.09.2016 г., во утринските часови се упокои секретарот на Архиепископскиот Црковно-просветен Совет и главен и одговорен уредник на „Весник“ сл. лист на МПЦ, почитуваниот протоѓакон Славе Пројковски. 70 години плодна работа на нивата Господова, прекрасен сопруг, татко и дедо, мудар наставник и духовен застапник за многу христијански души, кој благодарно го носеше својот Крст до крај. Господ да му подари Царство Небесно и да го всели во населбите на праведниците +

Да се потсетиме на неговите зборови:

**„Па, мили мои, почитувајте ги празниците со следба, а не формално; практикувајте ја живата вера – тоа е вистинското прославување и на Светиите, и на Апостолите, и на Мајката Божја, и на самиот Господ Исус Христос! Препознавајте ги енергиите на Духот Свет и во себе, и дајте им да дишат преточени во добар плод на вашиот живот, за „слава во висините на Бога, а на земјата мир, и меѓу луѓето добра волја. **

Честит празник!“

(беседа напишана од протоѓаконот Славе Пројковски за празникот Сретение, 2009 г.)

Опелото ќе се изврши во црквата „Св. Петар и Павле“ с. Лисиче, а погребението на гробиштата во с. Лисиче во 12 ч.

Сочувство до сите негови роднини, пријатели и духовни чеда!