Прескокни до содржината

Секој ден - благословен

·Zlatko Divjakovski
Секој ден - благословен

Ова е вашето главно правило: бидете едноставни во сите ваши мисли, чувства, зборови, однесување и вашите односи со луѓето. Да се биде едноставен, значи да не се дозволи на било кој начин извештаченост и да се однесуваме пред луѓето како пред Бога.

- Архиепископ Серафим од Богучарск

Најдобро наследство кое родителите можат да им го дадат на своите деца е нивната духовна посветеност.

- Свети Паисиј Светогорец

Кога таги ги потресуваат нашите души, нашето срце трепери и нашите мисли се збунети, нашето единствено засолниште е Господ.

- Свети Никон Оптински

Превод: Дамјан Божиновски

Секој ден - благословен | Преспанско-Пелагониска Епархија