Прескокни до содржината

Сепак... - од збирката Манастирски води

·Zlatko Divjakovski
Сепак... - од збирката Манастирски води

Гледам во далечина

Сепак не догледувам,

Пред мене е рамнина

Сепак претстои планина.

Огнот гори и стоплува

Сепак догорува.

Вода по течение се напојува

Сепак истекува.

Збор излегува од уста,

Сепак долго не опстојува,

Време тече

Сепак не истекува.

Во сето ова сепак,

Како човек да е лепак

Кој поткусурува постојано

И спојува сè неизоставно,

Бидејќи човек се раѓа

Но сепак не умира.

Сè во живот овој се преобразува

Таква била волјата Негова

колку да се ритаме против бодило

Сепак не можеме без Него.

Сепак... - од збирката Манастирски води

*(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството *

при Слепченскиот Претеченски манастир)